На 2 мај во ноќниот клуб Станица 26 концертна промоција ќе има скопскиот бенд „Kabadayas“, зад кој стојат тројца искусни музичари Зоран Костадиновски на гитара, Џоле Максимовски, бас гитара и Дино Милосављевиќ – тапани и перкусии. Наслов на нивниот албум е „Од понеделник“. Концертната агенција и продукција „3Гонга“ стои како издавач на овој албум. На концертот покрај нив, како специјални гости ќе настапат Марија Димитријевиќ и Светлана Јовановска Трајкоска вокалистки, Ратко Даутовски, нашиот виртуоз на перкусии и Трајко Велков, кој е еден од најдобрите трубачи на Балканот. Музичарите најавуваат концерт со убава атмосфера пред се, џези амбиент со наш шмек. По тој повод разговаравме со Џоле Максимовски...