На 23-ти декември од 19 часот, Филхармонијата ги отвори вратите за изведба на еден од најпрочуените бродвејски мјузикли ЕНИ Јуниор, на македонски јазик, кој беше под покровителство на Претседателот на Република Северна Македонија, г-дин Стево Пендаровски, а на настанот беше присутна, неговата сопруга, г-ѓа Елизабета Ѓоргиевска.