Почитувани пријатели и соработници, љубители на оперската и балетска уметност, почнувајќи од вторник, 7 април со почеток во 20.00 часот, на официјалниот YouTube канал на Националната опера и балет ќе имате можност да ги погледнете вашите омилени оперски и балетски претстави.