СКОПЈЕ, 23.11.2020: Со почетокот на кризата со Ковид-19, брзата адаптација кон дигитализација беше клучна за многу бизниси да опстанат, особено трговците, поради намалениот промет во физичките продавници. Како одговор на пандемијата, голем број на компании се адаптираа и отворија нов канал за продажба кој им помогна да се справат со ударот и да го ублажат падот на продажбите.