По огромниот успех што го постигнуваат на пазарите во Европа, САД и Русија, вината на винаријата „Стоби“ го освојуваат и кинескиот пазар. Во соработка и со голема посветеност на партнерот на Стоби Винарија за кинескиот пазар, компанијата “STOBI ( Shenzhen) International Wine. Co. Ltd”, вината на СТОБИ се продаваат во пет специјализирани продавници на брендот „стоби“ во неколку градови во Кина. Петтата таква продавница наменета исклучиво за продажба на вината „стоби“ беше отворена неодамна во кинескиот град Фужу со голема свеченост, за време на посетата на менаџерскиот тим на македонската винарија на оваа азиска земја...