Запознајте го Борко - човекот кој пропатувал 100 дестинации во 50 земји за 3 години

zapoznajte-go-borko-covekot-koj-propatuval-100-destinacii-vo-50-zemji-za-3-godini-08.jpg

Кој е Борко?

Јас сум среќна личност, често насмеан и уште почесто расположен за предизвици и авантури. Постојаната лична надоградба е битна за мене, имам студирано на неколку факултети од Македонија, Шведска и Германија и говорам повеќе светски јазици како германски, англиски, шпански... и имам работено се од физиотерапевт, фудбалски судија, спасител на вода, младински работник, личен тренер, јога инструктор, ТВ новинар, па се до дипломатска работа за интернационални организации во Брисел и ЗУМБА ИНСТРУКТОР ВО БРАЗИЛ...

zapoznajte-go-borko-covekot-koj-propatuval-100-destinacii-vo-50-zemji-za-3-godini-02.jpg

zapoznajte-go-borko-covekot-koj-propatuval-100-destinacii-vo-50-zemji-za-3-godini-01.jpg

Од каде дојде до идеја за светски патник?

Како дете бев многу срамежлив и повлечен, да не речам најмирниот во школо, и додека другите си играа на улица јас пред телевизор гледав филмови... Филмови за Индијанци, за Арапи, за Азија, за Абориџините и мојот омилен филм за Рапа Нуи или попознати како Велигденски Острови... Многу често сонував за овие далечни места и уште како тинејџер одлучив сам да патувам прво со воз низ Балканот, па како апсовлент кога сите одеа низ Европа, јас сам отидов на месец дена во Индија...

zapoznajte-go-borko-covekot-koj-propatuval-100-destinacii-vo-50-zemji-za-3-godini-03.jpg

А идејата за Травел Емисија дојде многу изненадувачки! Работев една година во ТВ Телма како новинар и решив да заминам повторно од Македонија и да го шетам светот преку работа на брод и во разговор со мојата мајка она само спонтано констатираше “сине ти сигурно многу добри емисии ќе снимиш додека патуваш“... јас бидејќи обожавам предизвици веднаш почнав да спремам идеи.

zapoznajte-go-borko-covekot-koj-propatuval-100-destinacii-vo-50-zemji-za-3-godini-04.jpg

Кој беше предизвикот да се патува околу светот?

Работев како фитнес инструктор на бродови кои цело време се на исти дестинации, како на пример еден брод може да биде и по 5 месеци на иста рута во Карибите или Медитеранот. Најголемиот предизвик за мене беше како да ја менувам често локацијата за да успеам да прошетам и снимам околу целиот свет... Отворено им кажав на менаџерите дека најбитно ми е слободното време и шетањето и поради тоа секогаш имав двојно поголем таргет за продажба на производи од останатите и доколку го исполнам добивав слободен ден... кога ќе решам нешто целосно се посветувам така да имав доволно слободни денови но и успеав да сменам доволно бродови за да посетам 50 земји од 6 континенти...

Колку успеа да ставиш розови очила?

Хмм розови очила... Јас верувам дека ние сме креатори на нашиот живот и на голем дел од нештата коишто ни се случуваат, така да јас би рекол дека имам “розов мозок“... И во најопасните средини како гетата во Бразил, Афрички острови, Руски опасни клубови, јас секогаш бев позитивен и насмеан и тоа придонесе да имам “розово искуство“, навистина имав низ целиот свет преубави искуства! Додека на истите дестинации колеги и патници беа ограбувани, истепани... Добро и мене пробаа да ме ограбат ама не им успеа... тоа е веќе за наредено интервју...

Која земја би била твој дом?

Пред женидба одговорот е Бразил! Во Бразил луѓето се неверојатно позитивни, имаат преубава енергија, сите се весели, разиграни, распеани и водат безгрижен опуштен живот... Но, Бразилките не се верни по природа и Бразил е прилично опасен, така што кога ќе се оженам идеален дом за моето семејство би бил Нов Зеланд.

Совршена земја од многу аспекти, природа со многу острови и езерца, температура најчесто околу 20 степени, учтиви луѓе, финансиски една од најбогатите но и најопуштените... за семејство дефинитивно Нов Зеланд, но не сум женет па во моментов Бразил е се уште мојот совршен дом!

zapoznajte-go-borko-covekot-koj-propatuval-100-destinacii-vo-50-zemji-za-3-godini-05.jpg

zapoznajte-go-borko-covekot-koj-propatuval-100-destinacii-vo-50-zemji-za-3-godini-06.jpg

zapoznajte-go-borko-covekot-koj-propatuval-100-destinacii-vo-50-zemji-za-3-godini-07.jpg

Храбар потег за млад човек, кој е твојот совет за младите?

ИЗЛЕЗЕТЕ НАДВОР ОД ВАШАТА КОМФОРНА ЗОНА! Охрабрете се, пробајте се во нова професија па макар и на месец дена, почнете да учите нов јазик, отидете сами во странство на пракса, студии или сами на одмор... Знам дека е тешко да се остават на некое време пријателите, семејството, партенер/ката, но најмногу се учи и созрева кога сте надвор од безбедносниот круг на семејството и пријателите, надвор од комфорната зона.

zapoznajte-go-borko-covekot-koj-propatuval-100-destinacii-vo-50-zemji-za-3-godini-09.jpg

Што ја прави емисијата “Светски Патник“ различна, зошто да ја гледаат нашите читатели?

Мојот впечаток е дека вообичаено емисиите коишто се емитуваат на Балканот се класика патеписни или конкретно во Македонија травел емисиите се повеќе како туристички, низ призма на турист... Мојот пристап е целосно различен, јас сум истражувач, многу често во градови кои ги посетувам за прв пат ако сите туристи одат лево, јас сам одам десно кај локалците...

Тој мој авантуристички, истражувачки пристап ме донесе до над 4000 видеа од најопасните гета, од бразилските карневали, па се до пливање со ајкули, скокање со параглајдер и танцување со локалци...

Ги поканувам вашите читатели од 9-ти декември, секоја сабота да ми подарат 30 минути од нивното време, а јас за возврат ќе ги однесам на највозбудливите авантури околу светот.

zapoznajte-go-borko-covekot-koj-propatuval-100-destinacii-vo-50-zemji-za-3-godini-11.jpg

Би можело да ве интересира:

Ламбе Алабаковски за татковството: „Сакам и ќерка по двата сина“ „Самото породување за мене беше еден голем, возвишен чин, со измешани емоции, ра...
Трогателна објава на Македонка: „Да се бориш со канцер е страшно, да се бориш втор пат со канцер е п... „Како се гледам после операцијата и губењето на двете гради? Најнормално, женств...
Димитар ја запроси саканата Стефани под ѕвезденото небо на Тунис (видео) „Тој порача шише вино во соба, но не ми беше чудно зашто често ми прави романтич...
Скопјанката Моника кажа „да“ на Саемот за венчавки: Саканиот ја запроси на ревија, додека носеше кре... „Иако долги години сме во врска, не помислив дека мојот сегашен вереник ќе собер...
„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...
Македонија втора година по ред нема да учествува на Евросонг, објавена листата за Малме 2024 Последниот настап на Евровизија за Македонија беше во 2022, кога земјава ја прет...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg