Кампањата Јас внимавам порачува: За поголема безбедност на децата користете соодветно седиште во автомобилот

(Скопје, 21.11.2017) – Безбедноста на децата пред сè и задолжително возење на детето во детско седиште за автомобил, се пораките што ги испраќа кампањата Јас внимавам и под чија закрила ќе ги спроведува месечните активности. И овој пат компанијата ОКТА заедно со претставници од Министерството за внатрешни работи, спроведуваа контрола на возилата по случаен избор и соодветно ги наградуваа совесните возачи со вредносни ваучери за гориво од ОКТА. Својата поддршка за активностите на кампањата како јавна личност, родител, новинар, ТВ водител и возач овој пат ја даде Живкица Каленикова. Таа лично се заложи за оваа порака да стигне до што повеќе родители и што повеќе граѓани да ги прифатат советите на кампањата.

kampanjata-jas-vnimavam-poracuva-za-pogolema-bezbednost-na-decata-koristete-soodvetno-sediste-vo-avtomobilot-01.JPG

За да се заштити детето не треба да постои правило или обврска, но секојдневното натпреварување со обврските ни наметнува темпо каде што неколку минути за да се смести детето во соодветно седиште, ни изгледаат многу, па го превидуваме тој најважен момент од вклучувањето во сообраќајот – безбедноста на децата. Треба да нè освести податокот дека употребата на детско седиште дури за 35 отсто го намалува ризикот од несакани, фатални последици. Оваа кампања токму тоа го прави, како гласот на разумот ни кажува дека тие неколку мига се најважните и одлучувачки за безбедноста на детето додека е во автомобил. Затоа гледам на оваа кампања како значаен и корисен канал на комуникација што нè учи, нè освестува и нè потсетува за нашата и безбедноста на сите околу нас како учесници во сообраќајот“, изјави Живкица Каленикова.

Кампањата за подигнување на јавната свест за безбедноста во сообраќајот Јас внимавам, е создадена од ОКТА во соработка со Министерството за внатрешни работи. Со своите активности започна на почетокот на годината и со месечните активности, тематски поврзани за некое од најчесто прекршуваните сообраќајни правила и прописи влијае на подигнување на јавната свест за подобрување на состојбата. Активностите се насочени кон поттикнување на свесност и одговорност во сообраќајот, за возрасните учесници, а за младите едукација за основните сообраќајни правила и како да се движат безбедно. Досега кампањата во дванаесет основни училишта низ државата донираше сообраќајни полигони, како и боенки на тема основни сообраќајни правила за децата и изведуваше театарска претстава што претставува симулација на сообраќајни ситуации. Покрај се поголемата поддршка од јавните личности, Јас внимавам на ОКТА ја доби и наградата за најдобра национална општествено одговорна практика во категоријата вложување во заедницата кај големите компании.

kampanjata-jas-vnimavam-poracuva-za-pogolema-bezbednost-na-decata-koristete-soodvetno-sediste-vo-avtomobilot-02.JPG

kampanjata-jas-vnimavam-poracuva-za-pogolema-bezbednost-na-decata-koristete-soodvetno-sediste-vo-avtomobilot-03.JPG

kampanjata-jas-vnimavam-poracuva-za-pogolema-bezbednost-na-decata-koristete-soodvetno-sediste-vo-avtomobilot-04.JPG

kampanjata-jas-vnimavam-poracuva-za-pogolema-bezbednost-na-decata-koristete-soodvetno-sediste-vo-avtomobilot-05.JPG

kampanjata-jas-vnimavam-poracuva-za-pogolema-bezbednost-na-decata-koristete-soodvetno-sediste-vo-avtomobilot-06.JPG

kampanjata-jas-vnimavam-poracuva-za-pogolema-bezbednost-na-decata-koristete-soodvetno-sediste-vo-avtomobilot-07.JPG

Би можело да ве интересира:

Скопјанката Моника кажа „да“ на Саемот за венчавки: Саканиот ја запроси на ревија, додека носеше кре... „Иако долги години сме во врска, не помислив дека мојот сегашен вереник ќе собер...
Трогателна објава на Македонка: „Да се бориш со канцер е страшно, да се бориш втор пат со канцер е п... „Како се гледам после операцијата и губењето на двете гради? Најнормално, женств...
Нашиот Златко Јовановски имаше 2 ревии на Модната недела во Париз: „Носев круна и наметка, сепак сум... „Костумот што го носев на дефилето, беше везен со 99 огледала. Носев и кралска н...
„Две години без тебе стари, како две столетија“: Игор Џамбазов емотивен на годишнината од смртта на ... „Ти и јас во нашиот тегет Фиат 1300, чекаме на црвено на семафорите кај ‘Рубин к...
Димитар ја запроси саканата Стефани под ѕвезденото небо на Тунис (видео) „Тој порача шише вино во соба, но не ми беше чудно зашто често ми прави романтич...
Ламбе Алабаковски за татковството: „Сакам и ќерка по двата сина“ „Самото породување за мене беше еден голем, возвишен чин, со измешани емоции, ра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg