„Мама без анестезија се породи во Чаир“ - Малата модна инфлуенсерка Фрида (3) го доби братчето Мика
- Детали
- среда, 15 март 2023
„И со мене и со Мика мама се породи во болницата во Чаир, спонтано и без анестезија и на двата пораѓаја (опасна женска е мама). И со мене и со братчето се породи во 36-тата недела од бременоста..“, беше споделено на Инстаграм профилот на 3-годишната модна икона Фрида, кој го води нејзината мајка.
Фрида е еднa од најпознатите мини инфлуенсерки во Македонија, која на само 3 години е вистинска модна икона.
Вчера (14.03) таа доби братче, за кое нејзината мајка преку Инстаграм профилот на Фрида откри дека ќе го носи името Мика.
На Инстаграм профилот на Фрида вчера беше објавено:
„Вечерва во 22:16 на свет дојде моето братче. Да ни е живо и здраво.
И со мене и со ова бебе мама се породи во болницата во Чаир, спонтано и без анестезија и на двата пораѓаја (опасна женска е мама).
И со мене и со братчето се породи во 36-та недела (почеток на 9-ти месец). Фала Богу, сè е океј и со двајцата. Фала на грижата.
Мама и Мика во болница, јас и тато дома.“