Агнеса Органџиева: „Работата како инфлуенсер не е лесна, плус паралелно на тоа да се биде самохрана мајка на две ќерки“
- Детали
- вторник, 14 март 2023
„Работата како инфлуенсер не е толку лесна како што навидум изгледа. Во оваа работа има моменти кога многу уживам, но има моменти кога ми доаѓа сè наеднаш и те фаќа момент да си кажеш е вистина не можам, веќе се преморив...“, вели Агнеса Органџиева за CRNOBELO.com, која на Инстаграм има повеќе од 97.000 следбеници.
Агнеса Органџиева е една од најследените Македонки на Инстаграм со повеќе од 97.000 следбеници.
Таа вели дека работењето како инфлуенсер, договарањето ангажмани и правењето совршени фотки и содржина за на Инстаграм не е така лесно како што изгледа.
Агнеса за CRNOBELO.com открива:
„Работата како инфлуенсер не е толку лесна како што навидум изгледа.
Сепак, тоа пред да го испрезентираш на публиката треба да е добро сработено и лесно образложено и прифатливо.
За една слика која што ја презентирам на социјалните мрежи е одвоено доста време и правено е целокупен концепт, кој игра важна улога во начинот на информирање на публиката. Јас секогаш презентирам лично искуство.
Реално, социјалните мрежи го променија начинот на размислување и аголот на перцепција. Луѓето сè помалку им веруваат на старите форми на реклама, што мене ми оди во прилог, а јас на тие производи или услуги им правам промоција, продавам и презентирам на лесен начин.
Соработките најчесто доаѓаат по пат на пораки на Инстаграм или Фејсбук или по препорака од пријатели што пред тоа сум работела кампањи за нив и биле доста задоволни.
Во оваа работа има моменти кога многу уживам, но има моменти кога ми доаѓа сè наеднаш и те фаќа момент да си кажеш е вистина не можам, веќе се преморив.
Така што сега гледам сè да ми е под добар ред и скоцкано за да нема нервози…
Верувајте кога сте напнати и сликате од што мора, се отсликува тоа на фотографијата или видеото и енергијата се пренесува поинаку.
Плус, јас сум самохрана мајка и тоа на две женски деца со различна возраст, што е доста различно, имаат различни барања.
Едната ќерка е на 19-годишна возраст и другата на 11-годишна возраст и јас како мајка треба да им претставувам сигурност. Јас сум личноста на која тие две се потпираат.“