„Што да ѝ направам на демонката?“ - Ќерката на Сара Мејс и Димитар со гребаници им се потпиша на автомобилот
- Детали
- петок, 24 февруари 2023
„Фала ќерко за потписите, да даде Господ да пораснеш голема и да си купиш нов автомобил. Јас и мама први ќе ти се потпишеме и вака ќе се радуваме за тебе...“, напиша Димитар Атанасовски.
Ќерката на Сара Мејс и Димитар Атанасовски е ведро и енергично девојче, но сега малата Илина ги изненади на малку непријатен начин нејзините родители.
Со игра и потскокнувајќи таа се потпишала на автомобилот.
Сара вчудовидена од потегот напиша:
„Што да ѝ направам на демонката сега? Леле, леле... Боже дај ми смирение дури се врати од градинка.“
Потоа Димитар Атанасовски, сподели и видео од камера на Инстаграм Стори, како се одвивало сè, и напиша:
„Фала ќерко за потписите, да даде Господ да пораснеш голема и да си купиш нов автомобил. Јас и мама први ќе ти се потпишеме и вака ќе се радуваме за тебе.
Со радост и потскокнување секое уметничко дело го славиме.“
С. С. | Црнобело