Свршеникот на Антониа Гиговска позира, Ивона Јо ја сними првата песна: Што прават македонските ѕвезди деновиве?
- Детали
- понеделник, 13 февруари 2023
Светлана Црнокрак блеска во полн сјај, Пере од Нокаут пресреќен со трите ќерки во прегратка, а пак миленикот од Театар Комедија, Атанас Атанасовски, e на романтично патување во Шпанија со сопругата... Ивона Јо се пофали дека ја снимила својата прва песна во Белград.
Актерот Атанас Атанасовски го избра југот од Шпанија како дестинација за одмор овој февруари, Ивона Јо го одбра Белград за снимање на нејзината прва песна. Иако веќе години наназад интензивно има настапи, таа сега испишува една нова приказна, а пак Светлана Црнокрак уште еднаш покажа дека е безвременска убавица.
Ивона Јо на Инстаграм сподели:
„Дури пијам добро вино на Скадарлија ви го пишувам овој пост со отворено срце и сакам да допре до вас. Луѓе мои! Ја снимив! Првенчето е снимено. Првенче во овој нов живот. Мојата прва песна каде оставив траг и голем дел од мене и мојата индивидуа.
Многу наскоро ви откривам повеќе детали. Ви благодарам од срце што бевте тука и имавте трпение. Низ 2023 ќе испишеме заедно приказна...“