Еко-порака од редакцијата на CRNOBELO.com: Селективно одложувајте го отпадот

Дали сте од оние кои никогаш не фрлиле хартивче на улица? А, кога ќе забележите дека тоа да го прави некој друг, дали ве исполнува гнев? Непоправливи екологисти во душа!

redakcijata-crnobelo-so-eko-poraka-selektivno-odlozhuvajte-go-otpadot-01.jpg

Она што е заедничко за сите колеги во нашата редакција е дека сите сакаме да живееме во чист град, во здрава и еколошка животна средина. Но, не само што постои желба, туку и се трудиме еколошки да се однесуваме.

За почеток, направивме промена од нас и сега селективно го одложуваме отпадот. Во нашата редакција има различни кутии - посебна за пластика, посебна за хартија и посебна за останатиот амбалажен отпад.

redakcijata-crnobelo-so-eko-poraka-selektivno-odlozhuvajte-go-otpadot-07.jpg

Се трудиме пластичниот и хартиениот отпад да не заврши на депонии кои имаат ограничен капацитет, каде отпадот скапува и ги загадува водата, воздухот и почвата, што севкупно влијае негативно на животната средина во која живееме, на храната што ја јадеме, на водата што ја пиеме.

Затоа селектираме, а кога ќе се соберат доволно пластични шишиња и лименки, ги одложуваме во некоја од поставените Вендинг машини.

redakcijata-crnobelo-so-eko-poraka-selektivno-odlozhuvajte-go-otpadot-02.gif

За хартијата се јавуваме во Пакомак, кои доаѓаат да ја испразнат кутијата - толку е едноставно.

redakcijata-crnobelo-so-eko-poraka-selektivno-odlozhuvajte-go-otpadot-08.jpg

Како редакција, се решивме на еколошко однесување, и тоа го почитуваме. Но, надвор од нашите канцеларии сè уште има работи кои многу ни пречат.

Расфрланото ѓубре! Фактот дека неговото одложување е на несоодветни места. Фактичка ситуација којашто е одраз на нашата (не)грижа и недостаток на љубов кон местото во коешто живееме.

redakcijata-crnobelo-so-eko-poraka-selektivno-odlozhuvajte-go-otpadot-02.jpg

Дали и дома вака фрламе ѓубре, каде што ќе ни текне? Повеќето луѓе ќе речат дека нема доволно корпи и контејнери во нивна близина.

И веројатно се во право и ни се потребни повеќе канти кои нема да бидат уништени, но сепак тоа не е доволно оправдување за да се фрли ѓубрето на земја. 

Отпадот мора да го одложуваме на соодветното место (корпа, контејнер), па макар и да треба отпадот да го носиме подалеку додека да најдеме каде да го фрлиме. 

А, денес како опција за одложување на отпадот ги имаме и повратните Вендинг машини на Пакомак.

redakcijata-crnobelo-so-eko-poraka-selektivno-odlozhuvajte-go-otpadot-11.jpg

Ако оставиме пластичните шишиња и алуминиумските лименки да се депонираат на депонија, ризикуваме дополнително загадување на животната средина, а доколку се соберат со вендинг машините, тие можат да генерираат приход за секој поединец и бенефити за самата општина.

Да се однесуваме одговорно, еколошки, бидејќи Земјата е една и немаме друга алтернатива…

Заедно да бидеме промената што сакаме да ја видиме во општеството и да изградиме подобра и почиста иднина за нас и за нашите деца.

Би можело да ве интересира:

Лила по 4 месеци повторно на Бали: „Затоа што еднаш не е доволно“ Лила Филиповска повторно ужива на Бали, само неколку месеци откако го посети ост...
Не е Сибир, Битола е – Ледената Македонка Бетика влегува во водите на замрзнато езеро под Пелистер Со секира го искрши мразот на површината на водата, а потоа влезе да се бања. Бе...
Антониа Гиговска со провокативна фотосесија за Денот на вљубените „Дали ќе бидеш мојот Валентин“ – напиша Антониа Гиговска до фотките на кои позир...
Запросување во стилот на „Убавицата и ѕверот“ - Ана од Кочани му кажа „да“ на саканиот Мартин „Мартин го осмислил запросувањето од работи кои ни се важни на двајцата: во рест...
Димитар ја запроси саканата Стефани под ѕвезденото небо на Тунис (видео) „Тој порача шише вино во соба, но не ми беше чудно зашто често ми прави романтич...
Кои се најпознатите браќа на македонската јавна сцена? Успешни музичари, одлични спортисти... Кои се најпознатите браќа на нашата јавна...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg