Дечко од Скопје одглумил повреда за да ја изненади саканата со запросување на Копаоник (фото)
- Детали
- вторник, 07 февруари 2023
Иван (26) на скијање одглумил дека паднал за неговата сакана Тијана (24) да мисли дека е повреден и да отиде да му помогне, па тогаш ѝ приредил запросување со напис, шампањ и ливчиња од рози.
Тијана Абазовска (24) од Скопје и Иван Андреевски (26), исто така од Скопје, кои веќе 4 години се во врска, периодов се на зимски одмор на Копаоник, Србија.
Парот е вљубеник во скијањето, па Иван одлучил токму и во таква атмосфера да ја запроси својата сакана.
Тијана за CRNOBELO.com откри како изгледало запросувањето:
„Ме запроси сосема неочекувано со помош на наши заеднички пријатели. Додека сите заедно скијавме, тој намерно падна пред мене, јас мислејќи дека е повреден, тргнав да му помогнам, а тој во меѓувреме го извади прстенот и клекна пред мене.“
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
С. С. | Црнобело