Први фотографии од болница: Борко Ристовски пресреќен ја држи новородената ќеркичка во раце
- Детали
- среда, 01 февруари 2023
„Секој јануарски ден те чекав да дојдеш и секој ден тоа беше утре“ – откри во својата објава сопругата на македонскиот ракометен голман Борко Ристовски во описот на првите фотографии од новородената ќерка Анастасија.
Сопругата на македонскиот ракометен голман Борко Ристовски, Нина, вчера (31.01) се породи и на свет ја донесе ќеркичката Анастасија, а по големиот број честитки што беа упатени до нив на социјалните мрежи од пријателите и роднините семејството ги сподели и првите фотки од малата принцеза.
На фотографиите на Инстаграм можеме да ја видиме малата Анастасија на рацете на мајка ѝ Нина во болница, па во рацете кај татко ѝ Борко и со братчето Душан, а Нина откри дека цел месец чекала да се породи и да ја донесе на свет нивната принцеза.
„Ѕвездата пристигнува последна. Секој јануарски ден те чекав да дојдеш и секогаш тоа беше до утре - 31. 01. 2023 - Моја Анастасијa, сосема на време да се заљубам уште еднаш по првпат“ – напиша таа.
До фотографиите коментар остави и гордиот татко кој кратко напиша: „Мое сѐ!!!“
Инаку, Борко и Нина во септември направија забава за семејството и за пријателите во кои со маскоти го открија полот на нивното бебе, а непосредно пред породувањето Нина направи трудничка фотосесија заедно со синот Душан.
Погледнете уште фотографии во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело