Зимската идила во Крушево низ објективот на Ана Петроска: „Го обожавам овој град, периодов е како сцена од бајка“
Кои се местата што задолжително треба да ги посетите според Ана?
„Доволна е прошетка низ градот за да ја доживеете зимската магија на Крушево. Доволно е да уживате во погледот кој го нуди секој агол при прошетката на градот. Во вечерните часови не смеете, а да не седнете во некој ресторан или пицерија и да уживате во уникатна храна. Тоа е уште едно големо задоволство.
Ски центарот е место кое не смее да се одмине. Овој центар е одличен за посета во секој дел од годината, затоа што нуди многу (авантуристички парк, различни видови на авантуристички тури, ресторани...), но особено во зима и под снег.
Препорачувам и прошетка, особено во претпладневните часови, која би можела да заврши на Крушевското Езеро. А, доколку сте заинтересирани за малку историја, тогаш посетете го споменикот Илинден. Пред само неколку дена Крушево одбележа уште еден роденден на Тоше. Спомен куќат „Тодор Проески“ е уште еден место кое е симбол на Крушево.
Крушево доживејте го спонтано. Градот е мал и не мора многу планирање, но ако одите прв пат во Крушево ова се нашите препораки.
Погледнете уште неколку фотографии во продолжение:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Б. С. Б. | Црнобело