Зимската идила во Крушево низ објективот на Ана Петроска: „Го обожавам овој град, периодов е како сцена од бајка“

Крушевчани го дочекаа првиот снег годинава, а највисокиот град на Балканот деновиве наликува на сцена од зимска бајка. Фотографката Ана Петроска за CRNOBELO.com споделува ексклузивни фотографии од тоа како изгледаше Крушево минатиот викенд.

zimskata-idila-vo-krushevo-niz-objektivot-na-ana-petroska-go-obozhavam-ovoj-grad-periodov-e-kako-scena-od-bajka-01.jpg

Ана Петроска (25) од Скопје e вљубеничка во фотографијата. На Ана најголема инспирација за фотографирање ѝ е убавината на градовите низ Македонија, а редовно споделува фотографии од нејзиното омилено Крушево, кое го посетува во секој слободен миг.

zimskata-idila-vo-krushevo-niz-objektivot-na-ana-petroska-go-obozhavam-ovoj-grad-periodov-e-kako-scena-od-bajka-11.jpg

Таа за CRNOBELO.com открива дека развила голема љубов кон фотографијата, а своето знаење се труди да го подобри секој ден, а нејзините фотографии ги споделува на Фејсбук профилот Ana’s photos – justaphoto.аp.

krushevo-go-lichi-so-sneg-najvisokiot-grad-na-balkanot-niz-objektivot-na-ana-petroska-02.jpg

Деновиве Ана имаше можност да ја долови зимската идила во Крушево и да ги сподели фотографиите што ги направила таму. Како што вели, фотографиите го овековечуваат првиот снег во највисокиот град на Балканот и прикажуваат денски и вечерни пејзажи.

zimskata-idila-vo-krushevo-niz-objektivot-na-ana-petroska-go-obozhavam-ovoj-grad-periodov-e-kako-scena-od-bajka-10.jpg

Фотографиите на Ана го опфаќаат центарот на градот, погледот кон т.н. „крушевска корија“ која го обиколува градот, а опфатени се повеќе делови од Крушево и се пренесува моменталната атмосфера.

„Крушево конечно го добива својот препознатлив зимски изглед. По прекрасното сончево и невообичаено време за овој период, конечно снегот го покрива Крушево, ги обелува покривите на куќите, ги „освежува“ шумите и дрвјата и создава уникатни пејзажи кои се навикнавме да ги гледаме минатата сезона.

Овој јануари е посебен затоа што најпрво имавме сончево и топло време, а кон крајот на месецот падна првата посериозна количина на снег.

krushevo-go-lichi-so-sneg-najvisokiot-grad-na-balkanot-niz-objektivot-na-ana-petroska-05.jpg

Посетителите на градот очигледно се во поголем број, ски центарот е сè попривлечен, а градот е идеален за фотографии.

Дека Крушево во зима и со снег е идеално за фотографирање се забележува не само од моите, туку и од фотографиите на многу љубители и посетители на Крушево.

Туристите го сакаат Крушево во зима“ – вели Ана.

krushevo-go-lichi-so-sneg-najvisokiot-grad-na-balkanot-niz-objektivot-na-ana-petroska-03.jpg

Градот кој се наоѓа на 1.250 метри надморска височина е омилено место за посета на туристите во зимскиот период, а како што вели иако имало голем број посетители и пред да заврне снег, деновиве нивното присуство е значително зголемено:

„Крушево го личи со снег и особено викендот што измина жичницата, ски центарот, рестораните, хотелите и вилите беа полни со луѓе, од најмлади до повозрасни.

Крушево е навистина живо и не е тешко да се забележи дека посетителите уживаат во зимскиот дух на Крушево“ – вели Ана.

krushevo-go-lichi-so-sneg-najvisokiot-grad-na-balkanot-niz-objektivot-na-ana-petroska-06.jpg

Доколку, пак, размислувате деновиве да отпатувате и да го посетите родното место на Тоше Проески и да уживате во чистиот воздух, еве што ви препорачува Ана со себе да понесете:

„Снегот е тука, температурите се пониски и време е за капа, шал, ракавици, скии и/или санка. Време е да уживате во зимско Крушево!

Но, би препорачала со себе секако да имате телефон со камера или фотоапарат за да можете да си понесете печат за вашите спомени од Крушево. Фотографиите ќе ве натераат повторно да дојдете и постојано да се потсетувате на тоа колку е убаво Крушево во зима.

Со вас понесете ја љубопитноста, желбата за чист воздух и интересот за историјата, културата и традицијата на Крушево.“

krushevo-go-lichi-so-sneg-najvisokiot-grad-na-balkanot-niz-objektivot-na-ana-petroska-07.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...
Миа Костова си купи нов автомобил, Столе Димитриевски со девојката во Њујорк: Што прават македонскит... Фудбалската легенда Горан Пандев во Струмица се дружеше со Марко Маринковиќ - Сл...
Македонски познати личности кои ја кријат љубовта од јавноста Додека некои македонски парови јавно ја искажуваат љубовта, објавуваат фотки од ...
„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...
Миа Костова раскажа како ослабела 17kg за 10 месеци: „Не држам диета, бројам калории - сè е во глава... „Првото јадење ми е накај 2-3 попладне, зашто до тоа време не чувствувам глад от...
Македонката Андреа Кидд, фитнес тренер во Дубаи: „Се занемарив и имав депресија - ми требаа 10 годин... „Благодарна сум за секој успех, пад и сѐ што ми застана на патот и ме направи то...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg