Ана Стојанова: „Почнав да вежбам како лек за љубовен проблем во средно училиште“
- Детали
- среда, 18 јануари 2023
„Посериозно започнав со вежбање уште во средно училиште. Секој период од животот си носи свои проблеми кои во тој период ти се чинат како најголеми, за тоа време кај мене преовладуваа љубовните. Можеби не беше скршено срце ама сигурно беше љубовен проблем...“, споделува онлајн фитнес тренерот Ана Стојанова.
Ана Стојанова е онлајн фитнес тренер со повеќе од 102.000 следбеници на Инстаграм.
Таа сподели видео на кое покажува зошто вежба толку многу и кога биле нејзините почетоци.
Во описот на видеото Ана вели:
„Тренинг е лек за сè. Потврдено!
Вежбам откако знам за мене, а нешто поредовно и сериозно започнав уште во средно училиште.
Секој период од животот си носи свои проблеми кои во тој период ти се чинат како најголеми, за тоа време кај мене преовладуваа љубовните. Можеби не беше скршено срце ама сигурно беше љубовен проблем.
Заврши тренингот и легнав на подлогата за вежбање. Почувствував бран од топлина и огромно олеснување како излегува од мојата глава. Наеднаш нервозата се намали и проблемот се чинеше небитен. Бев во бунило и не ми беше јасно што се случува во моментот.
Си мислев во памет не е возможно да ми е толку убаво. Сакам утре пак да дојдам!
Каде ми исчезна немирот?! Убаво е! Сакам пак не сакам никогаш да запре!
И ви го опишав моментот кога вашата Ана се навлече на тренинг и стана комплетно зависна до ден денес!
Знаев дека е лек! Не знаев уште како успеав, но силно поверував дека ми излезе целиот отров што ми ја труе душата низ главата.
Испари!
Требаше само да се испотам и да си ја „извадам душата”.
Ете затоа, затоа толку вежбам!“
https://www.instagram.com/p/CnU0sPiI2fz/