Македонката, што ја поврзуваа со Пике, ужива на рајски одмор на Бали (фото)
- Детали
- петок, 13 јануари 2023
Македонско-бугарската старлета која се најде во фокусот на светската јавност поради поврзувањето со Жерар Пике, при неговиот развод од Шакира, сега ужива на егзотична дестинација и ја користи славата за промоција на својата работа како модел.
Драгана Спасовска која пораснала во Скопје, а има македонско-бугарско потекло и во изминатите неколку години живее и работи во Дубаи, стана актуелна во медиумите за време на разводот на Шакира и Жерар Пике, поради тоа што ја поврзуваа со Пике.
Сепак, фудбалерот има друга девојка и наводно стануваше збор само за гласини.
Сега, Драгана ја користи славата за да се промовира себеси и својата работа на Инстаграм, каде има повеќе од 230.000 следбеници.
По модните ангажмани и фотосесии, таа замина на релаксација на Бали.
Драгана ужива со пријатели на оваа егзотична дестинација, па од вечери на плажа под светлина од сијалички до пливање и сончање на рајски плажи, таа минува незаборавни мигови.
Фотографии од нејзиниот престој на Бали: