Некогашната водителка на Бекстејџ со трудничко стомаче ужива во празничната магија во Словенија (фото)
- Детали
- четврток, 29 декември 2022
Со сини, мали топлинки, Марија Петровска објави дека очекува синче со саканиот, а сега со трудничко стомаче се прошета во новогодишно украсениот словенечки град Марибор, кој е на педестина километри од Цеље, градот кој ѝ е дом веќе 7 години.
Марија Петровска, некогашната водителка на Бекстејџ, пред извесен период објави дека со партнерот, Словенецот Михаел, го очекуваат нивното прво дете заедно.
Марија откри дека очекуваат син, а сега објави и фотографија од трудничкото стомаче, во тесна розова ролка, додека со саканиот се шета низ Словенија, земјата која веќе 7 години ѝ е дом.
Таа живее во Цеље, а целиот град периодов е бајковито украсен, но празнична магија владее и во Марибор, град кој е на педестина километри од Цеље, па Марија го посети и новогодишниот пазар таму.
Марија и саканиот очигледно уживаат во празничната атмосфера, како при прошетките, така и во нивниот новогодишно украсен дом, каде со сини, мали топлинки објави дека очекува синче.
Новогодишната магија во Словенија:
Прочитајте и Марија Петровска живее во Словенија: „Земјата е зелен рај, Словенците се дисциплинирани и се чудат на македонските свадби“
С. С. | Црнобело