Антониа Гиговска ја потстрижа косата, Илина Арсова со „смрзнати“ трепки: Што прават македонските ѕвезди на Инстаграм деновиве?
- Детали
- понеделник, 26 декември 2022
На првиот Божиќ во САД (католички) Илина Арсова е кај семејство со македонско потекло во Вајоминг. Таа скија, ужива во празничниот период, но и се капе во топли извори, додека температурата надвор е -20 Целзиусови степени. Со смрзнати трепки со снег вели: „Мојата насмевка кажува сè.“
фото: Каролина (десно) - Стефан Рајхл
Илина Арсова која веќе извесен период живее во САД, вели дека конечно е во своето природно опкружување, а тоа е планински предел, овојпат е во Вајоминг кај нејзини пријатели.,
Таа скија, ужива во празничниот период таму, но и се капе во топли извори, додека температурата надвор е -20 Целзиусови степени.
На фотографијата направена додека се капе, а трепките и се со снег и мраз таа напиша: „Мислам дека мојата насмевка кажува сè.“
Потоа сподели:
„Благословена сум да ја откријам вистинската зима во Вајоминг. Им благодарам на моите домаќини – семејството Митковски што ги споделуваме овие прекрасни мигови и мојот прв Божиќ во САД.“
Антониа Гиговска направи драстична промена во изгледот и напиша:
„Мислев дека никогаш нема да се потстрижам кратко и да ви кажам искрено уживам во променава. Јас си најдов некоја друга Антониа во себе со мојава нова фризура. Се надевам ќе ми помогне да носам и правилни одлуки.“
Каролина Гочева одржа 5 спектакуларни концерти, на кои блескаше во дамски изданија.