„Aко сите скокнат во Вардар и ти ли ќе скокнеш?“ – Хит изјави кои ги кажуваат родителите во Македонија
- Детали
- сабота, 24 декември 2022
„Не сум јас Рокфелер“, „Јас те родив, јас ќе те уништам“, „Тури му пепел“, „Ќе ме барате! (од татко ми покоен и вистина го бараме)“... Се сеќавате ли на хит изјавите од вашите родители? Беа актуелни во речиси секое македонско домаќинство.
Една македонска Твитер корисничка отвори навистина интересна темa: „Која реченица, од вашите родители и ден денес ја паметите?“
Во многу од одговорите веруваме дека ќе се препознаете и вие, односно ќе ги препознаете зборовите на вашите родители.
Која реченица, од Вашите родители и ден денес ја ПАМЕТИТЕ? 🥰 🙂
— Мина Мандарина 🍊 (@Mandarina_84) December 21, 2022
Овие реченици ќе ви вратат многу спомени и пријатни и некои помалку пријатни, но навистина симпатични од денешна перспектива.
Хит изјави на родителите во Македонија, споделуваат нашите твитерџии:
„Aко сите скокнат во Вардар и ти ли ќе скокнеш?”
„Не јади од благото, за гости е!“
„Парите не растат на дрво“
„Ако те фатам, ќе го искршам сукалото од тебе“
„Турски да зборев повеќе ќе ме разберевте“
„Тури му пепел“
„Дојди ваму да не те тепам (истепан)“
„Дај да ти ги чуваме парите од роденденот“
„Ќе зборуваме јас и ти кога ќе отидат гостите“
„Ако не го изедеш јадењето - во врат ќе ти го истурам“
„Многу е важно да бидеш човек, ќерко“
„Не сум јас Рокфелер“