Руски виолончелист со моќна изведба на „Јовано, Јованке“: „Ова е мојата омилена љубовна песна“
- Детали
- петок, 23 декември 2022
„Браво“, „Во твојата изведба се слуша духот и културата, душата и емоциите“, „Благодариме на прекрасната изведба“ – се само дел од коментарите што се најдоа до видеото во кое рускиот виолончелист Иан Максин ја изведува песната „Јовано, Јованке“.
Рускиот виолончелист Иан Максин на Инстаграм сподели видео од својата изведба на песната „Јовано, Јованке“, а до видеото на кирилица го напиша текстот од песната и додаде:
„Македонската песна ‘Јовано, Јованке’ е една од моите најомилени љубовни песни.“
Инаку, Ијан Максин е роден во Санкт Петербург, каде дипломирал музика на конзерваториумот Римски-Корсаков. На возраст од 16 години заминал во САД преку програма за размена на ученици, каде го завршува високото образование и останува да живее.
Работел со голем број познати музичари како Стинг, Андреа Бочели, Глорија Естефан и Снуп Дог.
Погледнете повеќе негови фотографии:
Б. С. Б. | Црнобело