Руско училиште, мала убавица: Викторија Лоба објави стари фотографии од семејните албуми
- Детали
- петок, 23 декември 2022
Од девојче кое само се дотерало и само си ги потстрижало шишките до прваче пред руско училиште, Викторија Лоба открива како изгледал нејзиниот живот некогаш... И се разбира, секогаш покрај неа е мајка ѝ, која до ден денес ѝ е најдобрата пријателка во животот.
Викторија Лоба одговори на Инстаграм предизвикот „Сети се“ на СОС Детско Село и објави фотографии од детството од старите семејни албуми.
Таа е вистинска мала убавица, па од дружби со Дедо Мраз, мигови со мајка ѝ, до позирање пред училиште во Русија, Викторија Лоба изгледа како навистина среќно дете на фотографиите.
Лоба неретко вели како нејзината мајка ѝ е најзначајната личност во животот. Пејачката дури беше и деверица на свадбата на мајка си која се случи во јуни 2022 година.
Во описот на старите фотографии на Инстаграм Лоба напиша:
„Ова сум јас, малата Вика. И имам малку трема додека му ја раскажувам новогодишната песничка на Дедо Мраз, а во себе си се мислам „Што ли ми ставил Дедо Мраз во пакетчето?”
На следната фотографија сум дотерана во сопствен стајлинг и самостојно скратени шишки за фотосесијата во градинка.
На третата слика веќе сум маче прваче.
Толку убави топли спомени ми будат овие фотографии и секоја од нив е своја приказна…“
Викторија Лоба денес:
Прочитајте и Каролина, Џокси: Како изгледале нашите славни личности како деца?
С. С. | Црнобело