Златко Јовановски: „Ме викаат кралот на светкавото, носев круна на ревијата во Грузија и оставив добар впечаток за Македонија“
Мора да признаам, сообраќајот е организиран хаос. Ја пробав и нивната традиционална кујна, прекрасна е.
Колекцијата „З” е инспирирана од огледалото. Јас кога ќе се видам во огледало, гледам една комплетна и совршена личност, на сето тоа додавам одблесоци од кристали, камења, монисти.
Се трудам секоја моја следна колекција да биде подобра од претходната, да биде повеќе часови везена и секогаш да има нешто ново.
Ме викаат кралот ЈЗЈ - Кралот на светкавото, па не би бил крал без круна на глава, па затоа овојпат си направив нова круна, што е во тема на самата колекција.
Публиката и новинарите во Грузија беа шокирани од неговото височество ЈЗЈ, но истовремено и воодушевени.
Давав доста интервјуа, снимав емисии, публиката се фотографираше со мене, и мислам дека комплетно сумирано направив одлична работа и покажав дека и Македонија знае што е светска мода.“
Повеќе фотографии од неговата ревија во Грузија:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело