Тематски 28-ми роденден во двор на дечко од Куманово, со бургер бар, ќебе бар и есенски декорации (фото)
На самото место се печеше скара, имав направено бургер бар и секој од гостите сам си го правеше својот бургер.
Додека, пијалаците беа наместени како самопослужување и секој си земаше сам што ќе пие.
Секој од гостите имаше свое место за седење и пред себе имаше мени, за да ги избегнеме прашањата што има за пиење.
Бидејќи не знаевме дали времето ќе биде на наша страна, како дел од декорацијата имаше „ќебе бар“, односно секој да може да земе ќебе и да се стопли.
Роденден како пикник, пред само една година беше незамисливо за мене, а годинава се одржа и вистински уживав.
Беше еден од најубавите денови во мојот живот, како за мене, така и за моето друштво.“