Вистинска уметност: Две девојки од Македонија со спектакуларни маски за Halloween
- Детали
- вторник, 01 ноември 2022
Нивните маски се вистинска уметност, а тие своите завидни шминкерски способности ги прикажаа преку маскирање во ликовите на Круела де Вил и Beetlejuice.
Деспина Кузманова од Скопје, сопственичка на салон за убавина, е уметник со шминкерската четкичка. За неа препознатливи се одличните маски за Halloween.
Таа секоја година изработува вистинска уметност, а сега за Ноќта на вештерките беше маскирани во злобната Круела де Вил oд филмот „101 Dalmatians“.
https://www.instagram.com/p/CkZAbfkLKf8/
Уште една девојка која секоја година нè изненадува со своите спектакуларни маски е шминкерката Фрози Фран, односно Фросина Ангеловска.
Досега ја имаме видено со најразлични маски, а за 1-ви април годинава беше Фиона, партнерката на Шрек.
Сега, за Ноќта на вештерките се одлучи за пострашна опција, односно за ликот Beetlejuice од истоимениот филм од 1988 година „Beetlejuice“.
Како ви се допаѓаат нивните маски?
Како изгледаат девојките:
Деспина Кузманова
https://www.instagram.com/p/CdToEUzMTNd/
https://www.instagram.com/p/CfL5A1rrDzI/
Фрози Фран
Прочитајте и Македонската шминкерка Фрози Фран со одлична првоаприлска маска – Фиона од „Шрек“
С. С. | Црнобело