Каролина Гочева со кул, урбан изглед и впечатливи сандали блеска во емисија во Босна и Херцеговина (фото+видео)
- Детали
- вторник, 25 октомври 2022
Каролина Гочева во гостување во емисијата „Коначно петак“ се потсети на највпечатливите мигови од нејзината кариера, а отпеа и неколку песни. Изгледаше шик и со стајлингот го истакна тенкиот струк.
Каролина Гочева гостуваше во емисијата „Коначно петак“ во Босна и Херцеговина.
Нашата поп дива беше облечена во монохроматски кул стајлинг во црно, но изгледот го надополни со ефектни зелени сандали.
За нејзиниот изглед периодов е задолжена стилистката Јована Филиповиќ.
Водителката Маја Ченгиќ ѝ заблагодари на Каролина за долгиот пат кој го минала од Скопје до Сараево за гостувањето.
Тие заклучија дека се немаат видено повеќе од 10-12 години, a потоа Каролина се потсети на своите албуми, низата успешени концерти и разни детали од кариерата.
Погледнете го целото гостување на Каролина:
С. С. | Црнобело