„Кога првпат го видов, зрачеше таква енергија, што не можам да опишам“: Членовите на Камерен Оркестар на Битола споделуваат приказни за Тоше Проески

„Досега имам свирено на 5 концерти со Камерниот Оркестар на Битола за Тоше, вклучувајќи го и концертот на 5 октомври. Секој концерт е различен, а во исто време и ист.

Самите песни од Тоше те прават да се чувствуваш посебно, а самото учество на тие концерти е прекрасно. Од големиот број на песни кои досега ги имаме свирено, најомилени за свирење ми се Цреша и Тајно Моја“, изјави Кристијан Магденовски (гитарист)

za-toshe-so-kamerniot-orkestar-na-bitola-08.jpg

„Привилегија е што имам можност да настапувам на концерти за Тоше и да ги свирам неговите песни, затоа што на тој начин публиката може да го почувствува неговиот дух. Верувам дека ваквиот вид на концерти се од особено значење особено за зачувувањето на неговиот лик и дело.

Не постои збор со кој може да се опишат чувствата кои лично јас ги имам кога ги свирам неговите песни - чувствувам и среќа, но во ист момент и тага“, изјави Марија Јанчулеска (виолина).

za-toshe-so-kamerniot-orkestar-na-bitola-06.jpg

„За дечкото од Крушево слушав од мојата постара сестра која генерациски беше поблиску со Тоше во музичкото училиште. Секогаш раскажување дека на одморите се правеле журки и секогаш еден глас се издвојувал најмногу - гласот на Тоше, кој и ден денес остава силен впечаток на секој слушател. За жал јас немав можност да го познавам лично, но со слушањето на неговата музика, неговата емоција и интерпретација го чувствувам многу блиску до срцето.

Чест и задоволство ми е што имам можност да учествувам на концерти кои се посветени баш за него и тоа со Камерниот Оркестар на Битола. Не постои песна од Тоше која не ми е омилена, и секогаш неговите песни ги исполнувам со радост и тага. Тоше беше роден за голем светска оперска сцена“, изјави Билјана Трајковска (придружен вокал)

za-toshe-so-kamerniot-orkestar-na-bitola-13.jpg

„Песните од Тоше секогаш се изведуваат со посебна емоција. Во изминатите години сум бил на околу 5 концерти посветени за Тоше и секој концерт буди големи емоции и длабоко сеќавање на неговите изведби, како и фактот што Тоше беше голем хуманитарец. Секој песна од Тоше сама по себе е хит и не можам да издвојам една песна како омилена“, изјави Игор Милевски (виолина)

za-toshe-so-kamerniot-orkestar-na-bitola-10.jpg

„Концертот на 5 октомври беше мојот прв концерт посветен за Тоше на кој јас сум свирела, додека пак првата песна од Тоше која ја имам свирено е По тебе. Додека ги свириш песните на Тоше те обземаат различни чувства, тажни и среќни, има некоја неопишлива енергија и мило ми е што можам да ја почуствувам и пренесам на публиката.

Мислам дека не постои човек кој што и по првото слушање на песна од Тоше не се заљубил во неговиот глас, начинот на кој пее и емоциите кои ги пренесува“, изјави Милена Марковска (виолина).

za-toshe-so-kamerniot-orkestar-na-bitola-02.jpg

„Досега сум свирел на еден концерт со Камерниот Оркестар во чест на Тоше и тоа беше оваа година на 5 октомври. Да се свират песните од Тоше е голема чест, но има измешани емоции на задоволство и уживање во неговите песни, а воедно и огромна тага, затоа што повеќе никогаш нема да ги слушнеме во негова изведба.

Иако е тешко да се издвои една песна од Тоше, затоа што сите негови песни се многу убави, би рекол дека „Синот божји” е моја омилена песна,“, изјави Бојан Димитровски (синтисајзер)

za-toshe-so-kamerniot-orkestar-na-bitola-14.jpg

„Песните и музиката од Тоше предизвикува големи емоции секогаш кога се изведува во живо со бенд. Ми се случило додека свирам една негова песна многу да ми ги расцепка емоциите, а тоа е Полско Цвеќе, всушност таа е и песната која ми е најслушана. Студиската верзија на Полско Цвеќе е убава, но кога ја свириме во живо, во поголем состав, доживувањето е многу посилно“, изјави Филип Јездиќ (тапани)

za-toshe-so-kamerniot-orkestar-na-bitola-15.jpg

Покрај главниот фокус на Камерниот Оркестар на Битола - ⋮IWConnect на класичната музика, многу често овој оркестар го гледаме како настапува на светски познати концерти и фестивали, а организираат и нивни концерти.

Засекогаш во срцата е само дел од големиот број на концерти кои полека прераснаа во традиција и кои се посетени од многубројна публика.

Во прилог фотографии од концертот во Крушево, како и фотографии од концертите Засекогаш во срцата. 

za-toshe-so-kamerniot-orkestar-na-bitola-18.jpg

za-toshe-so-kamerniot-orkestar-na-bitola-17.jpg

za-toshe-so-kamerniot-orkestar-na-bitola-16.jpg

za-toshe-so-kamerniot-orkestar-na-bitola-11.jpg

za-toshe-so-kamerniot-orkestar-na-bitola-19.jpg

za-toshe-so-kamerniot-orkestar-na-bitola-12.jpg

za-toshe-so-kamerniot-orkestar-na-bitola-20.jpg



Би можело да ве интересира:

„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...
Трогателна објава на Македонка: „Да се бориш со канцер е страшно, да се бориш втор пат со канцер е п... „Како се гледам после операцијата и губењето на двете гради? Најнормално, женств...
Скопјанката Моника кажа „да“ на Саемот за венчавки: Саканиот ја запроси на ревија, додека носеше кре... „Иако долги години сме во врска, не помислив дека мојот сегашен вереник ќе собер...
Ламбе Алабаковски за татковството: „Сакам и ќерка по двата сина“ „Самото породување за мене беше еден голем, возвишен чин, со измешани емоции, ра...
Димитар ја запроси саканата Стефани под ѕвезденото небо на Тунис (видео) „Тој порача шише вино во соба, но не ми беше чудно зашто често ми прави романтич...
Тијана Дапчевиќ: „Тоше беше ангел на земјата, Господ си го зеде за да му пее на небото“ „Во средно Тоше свиреше на кларинет. Еден ден татко ми дошол на натпревар во учи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg