Нашиот претседател Стево Пендаровски и првата дама во Лондон: „Дојдовме да ѝ оддадеме почит на кралицата“
- Детали
- понеделник, 19 септември 2022
Нашиот претседател Стево Пендаровски со првата дама Елизабета Ѓоргиевска се дел од церемонијата за збогување со кралицата... За оваа пригода нашата прва дама се појави во црна креација со бисерен ѓердан и обетки.
Вчера (18.09) нашиот преседател Стево Пендаровски со првата дама Елизабета Ѓоргиевска во Велика Британија ѝ оддаде почит на починатата кралица Елизабета.
На својот Инстаграм профил тој објави:
„Дојдовме во Лондон за да оддадеме последна почит на Кралицата Елизабета Втора.
Голема почит за децениите во служба на народот и за тоа што беше пример за лидерство, скромност и великодушност.
Нека почива во мир.“
За оваа пригода нашата прва дама се појави во црна креација со бисерен ѓердан и обетки.
Денес, престадетелот Стево Пендаровски со првата дама Елизабета Ѓоргиевска ќе присуствува и на погребот на кралицата.
С. С. | Црнобело