Писателката Ксенија Николова прозборе за својата борба со неплодноста: „По 3 несупешни обиди, сфаќам колку им е тешко на паровите што минуваат низ ова“

„Секој пат е различен. Борци сме но не смееме да забораваме на крајот на денот дека сме и луѓе, кои треба да се среќни, да се исполнети, да уживаат, да најдат некоја леснотија во животот, некое опуштање“ – вели писателката Ксенија Николова во видеото каде искрено говори за својата борба за потомство.

pisatelkata-ksenija-nikolova-prozbore-za-svojata-borba-so-neplodnosta-po-3-nesupeshni-obidi-sfakjam-kolku-im-e-teshko-na-parovite-shto-minuvaat-niz-ova-01.jpg

Македонската писателка Ксенија Николова е уште еден од многуте борци во битката со неплодноста, но не се откажува и останува силна, а притоа сака да ги охрабри и сите останати кои го одат нејзиниот трнлив пат и да им покаже дека не се сами. 

Таа на Инстаграм објави подолго видео во кое си ја отвори душата и искрено говореше за својата борба да добие дете, како и за процесот на ин-витро.

Со цел да им пружи поддршка на сите оние што минуваат низ тој процес, Ксенија отворено ја раскажа својата приказна, се отвори за најголемите стравови со кои таа се соочува како личност и како жена што подолго време се бори со неплодноста.

„15 минути НЕцензурирана искреност на тема ИВФ. Не ми беше лесно да го снимам видеово, да знаете“ – напиша таа во описот до видеото.

Ксенија и претходно објави видео во кое сакаше да им пружи поддршка на сите жени што се соочуваат со овој процес, а сега искрено и без воздржување раскажа со што се соочува таа како жена, но упати и моќна порака до сите што сѐ уште ја водат битката за потомство.

„Морам да кажам дека ин витро процесот е нешто најтешко што сум го искусила во својот живот, а верувам дека сум искусила доста нешта во смисла на потешкотии, проблеми и неочекувани ситуации, но овие работи постојано мислиме дека им се случуваат на други луѓе, а всушност може да се случат секому.

Многу е чуден процесот како одеднаш сфаќаш како посериозно треба да се позанимаваш на таа тема и како од еден докторски преглед животот ти се претвора во чекање по чекални постојано и низа процеси, прегледи за на крај да се дојде до нешто конкретно, но повторно да не се најде одговорот затоа што ова е една таква многу сложена ситуација, каде што многу често и докторите немаат одговор“ – раскажува таа.

Како што вели, најтешкиот момент во целиот процес е тоа што сфаќаш дека лекарите можат да помогнат до некаде, но дека не зависи сѐ од нив и дека треба да се опуштиш и да веруваш, а тоа на човек кој што е разочаран, му оди навистина тешко.

Ксенија раскажа дека досега поминала низ три ин-витро процеси, а објасни и какво било чувството по секој неуспешен обид.

За неа процесот до првото ин-витро бил мошне лесен во споредба со сето она што подоцна следувало.

„Затоа што се обидуваш и правиш неколку инсеминиации кои што навистина не се ништо во споредба со ин-витрото и на крај сфаќаш дека си случај којшто треба да се третира со ин-витро, но дефинитивно се надеваш дека ќе биде од прва што е многу слатко и наивно и искрено, затоа што јас сметав дека сега ќе биде.

И тогаш кога добиваш негативен резултат од првото ин-витро си велиш, ‘во ред, ретко каде и кога и што бива од прва’ и велиш ‘ајде ќе пробаме пак’. Не бива од вторпат и велиш, ‘во ред’, имаш два неуспешни обиди зад себе, но, ‘не се предаваме, одиме пак’.

Стигнуваш до трета цифра неуспешни обиди и сфаќаш дека ги претркуваш луѓето со коишто си делел мислење и искуства на темата, затоа што веќе имаш цифра на неуспешни обиди“ – вели таа.

Ксенија во овој контекст се осврна и на притисокот којшто жените што минуваат низ овој процес го трпат.

„Да, ние сме тим, но она што го поминува жената ментално и физички е неспоредливо и мислам дека никој не може тоа да го разбере освен самата жена која тоа го проаѓа.

Товарот е 99% на жената, ментално, физички... Затоа, понекогаш многу сум лута и по малку и гневна кога некој ќе ми каже: ‘Треба повеќе да се обидеш’ или ‘треба посилно да веруваш’, не знаејќи дека можеби тоа е мојот максимум“ – вели таа.

Борбата за потомство, според Ксенија, во голема мера се одразува и на заедничкиот живот на паровите и како што вели, во тој процес можеш да сфатиш дали навистина вие сте тим, или пак само двајца што се преправаат дека се тим.

„Предизвикот за една двојка да го издржи ова е многу голем. Затоа што на крајот многу двојки така се разделиле, затоа што невозможно е да не се случи гнев, расправија, тензија, нервоза која доаѓа од тоа што сѐ е тешко.

Зошто ова што на другите луѓе што им оди толку лесно, нам ни оди толку тешко? Но, тука е трикот да се остане силен и да се остане во баланс.

Затоа никогаш нема никого да осудам којшто се разделил заради оваа битка, затоа што многу нешта кои што се значајни испливуваат на површина во оваа битка“ – вели таа.

За крај, писателката упати моќна порака во знак на поддршка до сите оние што сѐ уште минуваат низ процесот.

„Секој пат е различен, знам колку ви е тешко, но не можам да знам каков е вашиот пат, затоа што секој пат е индивидуално болен и индивидуално комплексен.

Многу нешта ќе откриеме за себеси на тој пат. Кога сево ова ќе заврши ќе видиме што ќе се случи, која била лекцијата, која била пораката и дефинитивно ќе видиме зошто сево ова ни се случува.

Борци сме, но не смееме да забораваме на крајот на денот дека сме и луѓе, кои треба да се среќни, да се исполнети, да уживаат, да најдат некоја леснотија во животот, некое опуштање“ – рече таа.

Погледнете го целосно видеото:

View this post on Instagram
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 

View this post on Instagram

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Имала 12 бракови, го врати внукот со аутизам кај мајка му и живее сама на село – Животната приказна ... „Имаше страшни моменти додека ги растев ќерките. Се случуваше да јадеме бисквити...
Ксенија Николова: „Еден месец ќе живеам во француско селце како од сказна, на 1 час со воз од Париз“ „Сместена сум во типично француско мало апартманче, сѐ е во францускиот дух, лок...
Тие им се најголема поддршка - Како изгледаат сопругите на македонските пејачи? Јоце Панов и неговата избраничка биле во врска 10 години пред да стапат во брак,...
„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...
Миа Костова раскажа како ослабела 17kg за 10 месеци: „Не држам диета, бројам калории - сè е во глава... „Првото јадење ми е накај 2-3 попладне, зашто до тоа време не чувствувам глад от...
Ивана Кнез со моќен статус за 8 Март: „Не успеав - имам кариера, но немам партнер и деца“ „Не успеав, се вклопив во шема на кариеристки. Ама ќе успеам да излезам од неа и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg