Атанас Атанасовски на одмор во камп, Антониа Гиговска позира во танга бикини: Што прават македонските ѕвезди на Инстаграм деновиве?
- Детали
- понеделник, 04 јули 2022
Ања Ветерова и Антониа Гиговска позираат во полутанга бикини, јутјуберот Стефонотар на одмор на Лефкада, Елена Ристеска во одлично модно издание во Херцег Нови, а Перо Антиќ со српскиот пејач Никола Роквиќ на плажа во Грција, Роквиќ сподели фотографија со Перо со опис „Брат“.
Eлена Ристеска на својот Инстаграм профил објави: „Заврши долгонајавуваниот балкански фестивал „Наше море, наше скале“ во Херцег Нови, Црна Гора. Импресии одлични, учесници уште поодлични, море совршено... Уште еден успешен проект во низата на музички проекти во последниве 20 години кариера. Следен проект- нова музика од мене.“, а потоа објави и фотографија од нејзиното совршено модно издание во црн фустан од нашата дизајнерка Јована Филиповиќ.
Јутјуберот Стефонатор, по успешно завршените битки со здравјето, ужива на грчкиот остров Лефкада, а пак Перо Антиќ се дружи со неговиот пријател Никола Роквиќ.