Македонија е во топ 10 земји со најголема планинска површина – се гордееме што сме меѓу првите во нешто позитивно
- Детали
- четврток, 16 јуни 2022
По листите на кои се најдовме на првите места по загаденост на воздухот, конечно да го видиме името на нашата земја на листа која ќе нè направи горди.
Деновиве на социјалните мрежи вирално се шири листа на топ 10 земји со најголем процент на планински површини на својата територија.
На првото место се наоѓа Бутан со 98.8% планинска површина, а нашата Македонија го зазема седмото место со 85.5%, веднаш над Швајцарија која е покриена со 83.6% планинска површина.
Целосната листа на земји со најголема планинска површина:
- Бутан
- Таџикистан
- Киргистан
- Лесото
- Црна Гора
- Ерменија
- Македонија
- Швајцарија
- Либан
- Непал
https://www.instagram.com/p/CeozrkkMNL1/
Иако отсекогаш сме знаеле дека Македонија е планинска (односно планинско-котлинска) земја, сепак ни годи кога ќе ја видиме нашата држава на едно вакво рангирање на кое сме горди.
Во Македонија се издвојуваат околу 40 планини и планински масиви, меѓу кои: Кораб, Шар Планина, Баба, Јакупица, Ниџе, Галичица, Осоговски планински масив, Кожуф, Бистра, Малешевски Планини, Скопска Црна Гора, Водно и уште многу други.
Интересен податок е дека кога сите овие планини би се „наредиле“ една врз друга, заедничката височина би достигнала околу 68 километри – импресивно!
Македонија навистина изобилува со уникатни природни, планински убавини, кои кога соодветно би се промовирале и заштитиле, би го добиле заслуженото внимание и би биле вистинска туристичка атракција.
Во продолжение дел од најубавите фотки од инстаграмџии кои уживаат во планините низ Македонија кои се непроценливо богатство:
https://www.instagram.com/p/CeeQwi3rauv/
https://www.instagram.com/p/CC8o9VBnbwd/
https://www.instagram.com/p/Cdk_PhWo5Ub/