Пере од „Нокаут“ уживаше на одмор на рајска дестинација со сопругата и најмалата ќерка (фото)
- Детали
- четврток, 02 јуни 2022
Пере откри дека неговата ќеркичка Софиа за првпат влегла во море. Со саканата Јована тој го искористи почетокот на летната сезона за релаксација и уживање.
Пере од „Нокаут“ периодов уживаше на одмор со својата сопруга Јована и ќеркичката Софиа.
Парот беше на море со нивната мала наследничка, а Пере откри дека Софиа за првпат влегла во море.
„По првпат ce осоли и Софиа“, напиша тој во опис на фотографијата каде двајцата уживаат во плиткото.
Пере постојано прикачуваше фотографии од убавата атмосфера во ресортот каде престојуваа, со многу бои, цвеќе и лулашки, како и прошетките во други локали.
Музичарот има уште две ќерки од првиот брак, Миа и Каја. Двете постари сестри обожаваат да се грижат за малата Софиа во секој слободен миг.
Прочитајте и Миа Перевска: „За мене музиката е начин на живот, уште од 16 години сум придружен вокал на реномирани музичари“
Фотографии од одморот на Пере од „Нокаут“:
С. С. | Црнобело