Македонски локал покрај река со совршено дворче - шарени чадори, 440 петунии (фото)
- Детали
- четврток, 26 мај 2022
Во дворчето на овој наш локал е вложено многу време и љубов и има неверојатни 440 петунии и експлозија од бои. Дефинитивно инстаграмџиски рај...
Кога станува збор за викенд бегство и комплетна релаксација, нема ништо поубаво од локалите на страна од градовите, среде зеленило.
Еден таков е локалот „Воденица 3“ кој се наоѓа во близина Крива Паланка.
Има изобилие од бои и цвеќе, плус вложено е многу труд и љубов во уредувањето на зеленилото, па не е ниту чудно што изгледа одлично.
Има и лулашки за деца, а пак шарените чадори го прават омилено место и за инстаграмџиите.
Ќе уживате со жуборот на Дурачка Река и двор закитен со 440 прекрасни петунии.
Атмосферата во ова совршено катче за викенд бегство:
С. С. | Црнобело / фото: Фејсбук