Македонка објави фотографија како плаче: „Нервозна сум, не ми се прави ништо, се чувствувам разочарано - се соочувам со анксиозност“
КАКО СЕ СПРАВУВАМ СО АНКСИОЗНОСТА?!
Откако го објавив постот за тоа како се чувствувам добив многу пораки и мислења дека се соочувам со анксиозност. Тоа беа мислења од луѓе кои поминуваат низ истото и секако се свесни за ситуацијата, па повеќе се „едуцирани"од мене на темава.
Текстот го копирав и го пратив на Мартин. Мартин Јованоски, кој долги години си ја има анксиозноста за пријателка и напиша книга за тоа. Лично се познаваме и решив да се обратам прво нему, по што не знаев што прво да направам и на кого прво да се обратам и конечно да знам дали е вистина сето тоа.
Мартин: Да Меги, анксиозност е, за жал.
Биди радосна што 90% од работата си ја завршила со тоа што си зборувала за тоа јавно, што си свесна за ситуацијата и што немаш панични напади кои обично одат заедно со неа.
Тука сум за сè што треба.
Состојбава која стана „модерна“ денес и стана многу честа кај луѓето не знам од кога ја имам. Откако дознав дека се соочувам со неа, си враќам филмот назад и мислам дека ја имам многу долг период, можеби години наназад. По мое размислување мислам дека е од кога ја загубив мајка ми.
Состојбава те прави да бидеш четири годишни времиња во еден ден, или да бидеш цел ден НЕ ОК или со денови да се бориш со истото.
Години наназад мислев дека е депресија, ама и тие две одат заедно, затоа не си ни сигурен. После одреден период „виновник“ ги правев ПМС периодите. Некогаш кога ќе изброиш деновите па нешто не ти се поклопува, си викаш период е, нормално е, секој поминува некогаш низ тоа, и на крај сфаќаше дека „периодов“ трае предолго и нешто не е ОК со тебе.
Во моментот кога поминувам низ тоа, од сè што сум прочитала и слушнала најдобар „лек“ е да се соочиш со анксиозноста очи во очи. Таа седи до тебе и иронично се смее. Плачејќи врати ѝ на насмевката и кажи и дека си посилен/посилна од неа и дека ќе ја победиш. Верувајте, станува и си оди.
Има денови кога се враќа, за жал, ама научете се да живеете со неа и во моментот кога ве напаѓа нападнете ја и вие, нели нападот е секогаш најдобра одбрана. Вдишувајте и издишувајте длабоко. Мислете на работи кои ве радуваат. Најдете си хоби кое ве исполнува за да не мислите постојано на тоа.
Верувајте мене ми помага и тоа кога избегнувам да зборувам за тоа, освен кога морам. Но не мора да значи дека на сите ќе помогне истото, сите сме различни. Правете така како што мислите дека е најдобро за Вас.
Во моментов додека го пишувам текстов чувствувам немир и срцето забрзано ми чука, затоа ретко ќе пишувам и зборувам на темава, бидејќи лошо влијае на мене.
Периодов сум многу подобра за разлика од тоа што бев, благодарение на советите на Мартин, сторињата, видеата и постовите на Миа, Дарко Влогс, Ивона Јовановска, Марија Чапе, Бојана Стојменовиќ.“
Прочитајте и Детално упатство за паничните напади, од личното искуство на 32-годишен Македонец
С. С. | Црнобело