Запознајте го семејството на Стефан Ристовски, капитенот на македонската фудбалска репрезентација (фото)
- Детали
- сабота, 26 март 2022
На капитенот на македонската фудбалска репрезентација Стефан Ристовски (30) најголема инспирација и поддршка му се сопругата Андреа (30) и 3-годишниот син Давид, како и малиот син Лука, кој во август ќе наполни една година.. По историската фудбалска победа над Италија, Стефан напиша: „Емоција која не се опишува. Радувај се моја мила Македонија!“
Стефан Ристовски (30) е капитен на македонската фудбалска репрезентација и спортист кој го остава срцето на терен, заедно со своите соиграчи.
По историската фудбалска победа над Италија, тој на својот Инстаграм профил напиша: „Емоција која не се опишува. Радувај се моја мила Македонија!“
Тој ја започнал својата фудбалска кариера во родниот град Скопје, во екипата на Вардар за која дебитирал со само 16 години. Во јануари 2010 година, на 17-годишна возраст потпишал петгодишен договор со италијанската Парма, но договорот не бил официјализиран додека не наполнил 18 години.
Сега е играч од одбраната на клубот Динамо Загреб.
Најголема инспирација и поддршка му се сопругата Андреа (30) и 3-годишниот син Давид, кој обожава да трча и да позира на терените, каде неговиот татко постигнува неверојатни успеси. Парот во август 2021-ва доби уште еден син, кој го носи името Лука.
Стефан е во брак со Андреа од 2017 година.
Тој стана капитен на македонската фудбалска репрезентација во 2021-ва година, по пензионирањето од репрезентацијата на нашата фудбалска легенда Горан Пандев.
Запознајте го неговото прекрасно семејство: