Атрактивната Македонка, што ја освои Србија, покажа дека има мајка убавица - го славеа нејзиниот 50-ти роденден
- Детали
- петок, 04 март 2022
Која е мајката, која е ќерката? Атрактивната македонска убавица и ријалити ѕвезда покажа дека има мајка убавица. Елеонора и Маргарета се доказ дека гените се чудо. Елеонора за CRNOBELO.com открива како мајка ѝ го одржува фит изгледот...
Елеонора Миљковиќ (28) е Македонка што се прослави како ријалити ѕвезда во шоуто „Задруга“ и ТВ презентерка во Србија. Но, сега таа работи и живее со својот партнер во Скопје. Се занимава со маркетинг.
Деновиве таа ѝ организираше роденденска забава на мајка ѝ, а на фотографиите што ги сподели од роденденот се гледа дека гените се чудо и дека Елеонора ја наследила убавината од неа.
Нејзината мајка Маргарета Миљковиќ, која го прослави 50-тиот роденден, потекнува од Куманово, но живее во Скопје со сопругот. Тој има потекло од Белград, а сопственици се на приватна компанија за трговија.
Елеонора за CRNOBELO.com открива како нејзината мајка го одржува фит и младешкиот изглед:
„Таа дома има теретана и постојано вежба, а исто така ги обожава прошетките во природа. Секогаш кога е убаво времето вози и велосипед. Се разбира, заслужни се и добрите генетски предиспозиции.“