Дечко од Струмица ја запроси саканата пред Ајфеловата кула со натпис од рози „Marry me“ (фото)
- Детали
- петок, 14 јануари 2022
По 6 години врска, фудбалерот од Струмица, Бојан, кој поради професијата постојано е на различни краеви од светот, одлучил да ја запроси својата сакана Тамара во Париз на спектакуларен начин. „Запросувањето во Париз не го насетив ни најмалку, бидејќи тоа патување ни беше планирано 2-3 месеци однапред...“, споделува Тамара за CRNOBELO.com.
Тамара Георгиева (24) од Струмица, по професија дипломиран дефектолог, имаше совршено запросување во Париз од страна на својот сакан, фудбалерот Бојан Најденов (30) од Струмица.
Тие биле во врска 6 години, но на различни страни низ светот поради професијата на Бојан. Тамара вели дека животот со спортисте доста динамичен и непредвидлив.
Фотографиите од запросување изгледаат навистина романтично, па не можевме, а да не ја исконтактираме.
За CRNOBELO.com Тамара открива детали од запросувањето:
„Запросувањето во Париз не го насетив ни најмалку, бидејќи тоа патување ни беше планирано 2-3 месеци однапред и знаев дека секако ќе се случи, но дека баш таму ќе ме запросат не ми падна ниту на крај на ум.
Сè било буквално плански од страна на Бојан, и тоа да ме однесе на тоа место беше сосема спонтано, шетајќи покрај кејот сè додека не се доближивме до изненадувањето јас немав идеја што ме чека.
За цело изненадување е заслужна сестра му на Бојан, која организирала екипа од Париз да ја среди декорацијата и да изнајми фотограф.“
Фотографии од запросувањето:
© CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело