Браво! Момче од Гостивар по вторпат е светски шампион во танц – танцува како да лебди (видео)
- Детали
- понеделник, 20 декември 2021
Македонската химна се слушна во Варшава, откако 12-годишниот Анди Исмаили од Гостивар по вторпат стана светски првак во модерен современ танц. Тој и годинава од Полска се врати со освоен златен медал.
Фото: Facebook/ Македонска Асоцијација за Модерни Танци/ BreakFree/ Andy Ismaili
Младиот гостиварец Анди Исмаили (12) годинава повторно е светски шампион во модерен современ танц, откако оваа титула ја освои и во 2019-та година, на само 11-годишна возраст.
Фото: Македонска Асоцијација за Модерни Танци
Светското првенство во модерен современ танц траеше 6 дена, а се оддржа во Варшава, Полска.
Фото: Македонска Асоцијација за Модерни Танци
Годинава учество земаа над 2.000 претставници од 22 земји ширум светот, меѓу кои: Германија, Турција, Србија, Норвешка, Русија и други.
Како што се напоменува на Инстаграм профилот на фестивалот, годинава Словенија и Србија освоија по четири златни медали, Полска освои три, Финска два, а Македонија, Германија и Русија освоија по еден златен медал.
Анди е член на танчарското студио „I Dance“ од Гостивар, а соло-настапот со кој го освои златниот медал беше во кореографија на Сарита Селмани и Вучко Назири.
На YouTube е достапно видео на кое може да се види како танцуваше Анди во 2019-та година, кога за првпат стана светски шампион.
Погледнете го видеото:
Погледнете дел од неговите фотографии:
https://www.instagram.com/p/CXlg_cOs_r6/?utm_source=ig_web_copy_link
https://www.instagram.com/p/CU5v83TsTIF/?utm_source=ig_web_copy_link
https://www.instagram.com/p/B1OvZeagXYG/?utm_source=ig_web_copy_link
https://www.instagram.com/p/BzFrLiNJDKZ/?utm_source=ig_web_copy_link
Б. С. Б. | Црнобело