Дечко, што посетил 32 земји, остана да живее во Македонија извесен период - како ја доживува? (фото)
- Детали
- среда, 15 декември 2021
„Уште не ми се верува дека одлучив да живеам во Скопје во наредните 3 месеци. Но, мило ми е поради оваа одлука. Во животот треба да доживувате искуства и да растете...“, напиша Мустафа Ахмед во март, но изгледа се вљуби во нашата држава и остана многу подолго - тука е сè уште.
Мустафа Ахмед досега поминал повеќе од 32 земји, а искуствата од патувањата ги споделува на својот Инстаграм профил TravelsOfMozzy, на кој има повеќе од 4.000 следбеници.
На крајот од март Мустафа на својот Инстаграм профил објави дека останува да живее во Македонија 3 месеци, но со оглед тоа што веќе е крајот на годината изгледа му се допаднало, па сè уште живее тука.
Тогаш Мустафа објави:
„Уште не ми се верува дека одлучив да живеам во Скопје во наредните 3 месеци. Но, мило ми е поради оваа одлука. Во животот треба да доживувате искуства и да растете. Ако не си дозволите себеси нови искуства, тогаш како ќе растете како индивидуа?“
Мустафа живее под кирија во стан во скопската населба Кислеа Вода, воодушевен е од изгледот на нашите банкноти и често пробува различни македонски јадења и го споделува впечатокот на Инстаграм.
Ајде да ја погледнеме нашата држава низ очите на еден дојденец.
Дел од неговите фотографии направени во Македонија: