Нова песна на македонските ѕвезди за крај на насилството врз жените и девојчињата
- Детали
- среда, 08 декември 2021
Во рамки на кампањата македонските поп ѕвезди ја лансираа песната „Очи црни“ за да ги поканат сите мажи и жени да излезат и да кажат јасно, да кажат гласно – не молчи, не трај, СТАВИ КРАЈ!.
Под мотото „Не молчи, не трај, СТАВИ КРАЈ!“ годинава Северна Македонија се вклучува во глобалната кампања 16 дена активизам против насилство врз жени и девојчиња, во организација на семејството на Обединетите нации заедно со Европската Унија и Мисијата на ОБСЕ.
Во рамки на кампањата македонските поп ѕвезди: Тамара Тодевска, Дани Димитровска, Антонија Гиговска, Светлана Јовановска, Џон Илија Апелгрин, Лука Ѓоргиевски (Фанк Шуи) и Бранко Николов (Фолтин) ја лансираа песната „Очи црни“ во аранжман на Џијан Емин и препев на Диме Поповски и Васиа Поповска, за да ги поканат сите мажи и жени да излезат и да кажат јасно, да кажат гласно – не молчи, не трај, СТАВИ КРАЈ!.
Погледнете го видеото во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело