9 работи кои мора да ги направите во Македонија, советува британски туристички сајт
- Детали
- четврток, 18 ноември 2021
Недопрените пејзажи на Љуботен, уникатната шарена џамија во Тетово, начинот на кој Македонците уживаат во кафето и уште 6 причини за посета на Македонија, пишува британски сајт.
На британскиот сајт за патувања Wanderlust авторот Питер Мур набројува 9 причини зошто Македонија е земја која треба да се посети некогаш во животот.
Вели дека тука има малку Балкан, малку Медитеран, дека е земја обликувана од империите што ја освојувале и земја преполна со природна убавина, фасцинантни руини од минатото и љубезни локалци.
Зошто да ја посетите Македонија:
Прошетка низ Скопје и неговиот уникатен микс на старото и новото
Посета на тврдината Кале, статуата на Александар Македонски на плоштадот од 2011 година, Старата скопска чаршија со уличките од калдрма, Милениумскиот крст на планината Водно со жичница и спектакуларен поглед.
Искачување на врвот Љуботен на Шар Планина
Недопрени пејзажи, див свет и некои од најдобрите планинарски патеки во Европа, врвот е во облик на пирамида и ќе ви требаат 5 часа искачување.
Шарената џамија во Тетово
Се наоѓа на 43 километри од Скопје и е една од највпечатливите градби изградена во 15-тиот век и не постои боја од палетата на уметникот што ја нема таму, соблечете ги чевлите, влезете и подгответе се за спектакуларната глетка.
Кајакарење во неверојатниот кањон Матка
Ова е едно од најдобрите искуства во Македонија, среде стрмните карпи, каде сенките танцуваат во текот на денот, а посетете ја и пештерата Врело која води до серија подземни езера.
Јадење, пиење и уживање
Македонците ја обожаваат својата кујна, а од бурек до ајвар и шопска салата, како и тавче гравче, сарма и скара, сè ќе ве воодушеви, плус мора да посетите некоја од многуте винарии во Македонија.