„Е, баш ваква те цртав и замислував“ - Ева Нединковска ѝ го прослави 5-тиот роденден на ќеркичката (фото)
- Детали
- среда, 03 ноември 2021
„Среќен 5-ти роденден, моја Ена! Биди здрава, сакана, радосна и секогаш блиску до себе. И порасни во човек. Во добар и среќен човек...“, ѝ посака Ева Нединковска на својата ќеркичка за роденденот кој го прославија во игротека, тематски со принцезата Јасмин.
Ќерката на Ева Нединковска, малата Ена, го прослави 5-тиот роденден со семејството и другарчињата во игротека со тематска забава, со торта и украси со принцезата Јасмин, од цртаниот филм Аладин.
Ева блескаше покрај својата наследничка, а ѝ посвети и емотивна честитка на својот Фејсбук профил:
„Е, баш ваква те цртав и замислував и многу те посакував. Фала што од сите можни мајки на светов ме избра мене да ти бидам мајка. Најсреќна сум и најблагодарна на Бог што баш тебе те избра да си ми ќерка“, ѝ реков пред неколку месеци кога ја сликнавме и погледнавме заедно првава слика.
- А кај ме виде? На која страница? (ме праша љубопитно, алудирајќи на интернет страница)
Среќен 5. роденден, моја Ена! Биди здрава, сакана, радосна и секогаш блиску до себе. И порасни во човек. Во добар и среќен човек. Зашто ако пораснеш до среќа, што друго ти треба?
Те сака, мајка!“
Потоа со фотографиите од роденденската прослава Ева напиша:
„Минатиот роденден се славеше дома, а за овој имаше забава и супер беше да се видат децата среќни и разиграни.
Протоколарните фамилијарни фотки се испечени, а другите се крчкаат. За радости не ви треба повод, а кога пак го имате слободно радувајте се!“
Фотографиите од прославата се дело на фотографот Маријан Стојановски:
Минатиот роденден се славеше дома, а за овој имаше забава и супер беше да се видат децата среќни и разиграни....
Posted by Eva Nedinkovska on Tuesday, November 2, 2021
С. С. | Црнобело / фото: Маријан Стојановски