Водно добива и надолна „flow“ велосипедска патека
- Детали
- понеделник, 23 август 2021
Градоначалникот Шилегов на својата фејсбук страница објави фотографии од изградбата на втората планинска велосипедска патека што се изведува на Водно.
Откако лани во октомври беше пуштена во употреба нагорната патека, сега се изведува и надолната “flow” патека, со што велосипедистите ќе можат да се качат до Средно Водно и да се симнат без да имаат контакт со пешаците.
Новата втора планинска велосипедска патека ќе биде околу 3,6 километри долга и истата е предвидено да ја прати природната конфигурација на теренот, без да ја нарушува природната средина. Двете нови велосипедски патеки се дел од проектот „Велосипедски парк Водно“.
Патеката ја изведува фирмата „Алианс АСЕ“ од Љубљана, Словенија, експерти за планински велосипедизам со 10 годишно искуство кои работеле на вакви патеки во преку 50 дестинации низ светот.