Состојба до 18.08.2021: Регистрирани 1.081 нови случаи, 15 починати лица
- Детали
- среда, 18 август 2021
Во последните 24 часа се направени 6.802 тестирањa, а регистрирани се 1.081 нови случаи на КОВИД-19:
- Скопје – 314
- Гостивар – 187
- Тетово – 160
- Куманово – 84
- Струмица – 60
- Кичево – 47
- Охрид – 38
- Дебар – 30
- Струга – 27
- Прилеп – 25
- Битола – 20
- Штип и Ресен – по 12
- Радовиш – 11
- Велес и Кочани – по 9
- Берово и Виница – по 6
- Кратово – 5
- Кавадарци и Свети Николе – по 4
- Пробиштип – 3
- Неготино и Пехчево – по 2
- Делчево, Валандово, Крушево и Македонски Брод – по 1
Пријавени се 15 починати лица: по 3 починати лица од Скопје (37г,43г и 49г), Куманово (46г,55г и 63г), Тетово (60г,65г и 79г) и Гостивар (53г,69г и 77г) и по едно лице од Струмица (52г), Струга (43г) и Кичево (77г). Сите пријавени починати лица се починати во болнички услови.
Регистрирани сe 91 оздравени пациент од:
- Скопје – 35
- Гостивар – 12
- Тетово – 9
- Кичево и Дебар – по 8
- Куманово и Струмица – по 5
- Прилеп и Радовиш – по 2
- Битола, Кавадарци, Штип, Ресен и Крива Паланка – по 1.
Досега во земјата се направени вкупно 1.079.818 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 164.529 бројката на оздравени пациенти е 151.235, на починати е 5.589, а бројот на активни случаи изнесува 7.705.