Каролина на Крф, Лила во Турција - Каде беа македонските ѕвезди на одмор летово? (фото)
- Детали
- вторник, 10 август 2021
Каролина Гочева го одбра Крф за одмор со сопругот, Сара Мејс сподели семејни моменти од одморот во Египет, Лила деновиве ужива на луксузен одмор во Турција, а Елена Стефановска ни ги долови убавините на Хрватска - за која дестинација се одлучија македонските ѕвезди летово?
Голем број од македонските познати личности ова лето решија да одат на одмор надвор од границите на државата, а на Инстаграм споделуваат совршени фотки од разни дестинации во регионот и подалеку.
Некои отидоа на одмор во близина, додека други беа во посета на познатите летувалишта во регионот благодарение на работните ангажмани и настапи.
Забележително, токму дамите се тие што споделуваат повеќе фотографии, додека познатите мажи ретко објавуваат фотографии.
Во продолжение погледнете каде уживаат нашите ѕвезди ова лето:
Каролина Гочева - Островот Крф (Грција)
Миа Костова - Дерми, Албанија
Сара Мејс - Египет
Тијана Дапчевиќ - Сивота, Грција
Даниел Кајмакоски - Бар, Црна Гора
Елена Стефановска - Хрватска
Лила Филиповска - Турција
Васил Гарванлиев - Неа Каликратија, Грција
Б. С. Б. | Црнобело