Нова одлука на Владата – од 1-ви јули ќе се прават свадби и во затворен простор
- Детали
- вторник, 29 јуни 2021
Свадбите во јуни 2021 се организираа само на отворено, а од 1-ви јули е дозволено да се прават свадби и во затворен простор, но под одредени услови.
Владата донесе одлука свадбите да може да се организираат и во затворен простор, а истата ќе почне да важи од 1-ви јули.
Забраната за свадби и други прослави траеше до 1-ви јуни и месецов се организираа свадби на отворено со 50% од капацитетот на локалот.
Сега, министерот за економија, Крешник Бектеши, објави дека Владата одобрила организирање свадби и во затворен простор, а одлуката важи од 1-ви јули.
На својата Фејсбук страна, тој напиша:
На предлог на Министерството за економија Владата денеска донесе одлука од 1 јули 2021 свадби да се организираат и во затворен простор со максимум 250 лица, но не повеќе од 40% од капацитетот на просторот.
На предлог на Министерството за економија Владата денеска донесе одлука од 1 јули 2021 свадби да се организираат и во...
-->Posted by Kreshnik Bekteshi on Tuesday, June 29, 2021