Туна објави фотка со новороденчето, Лила се сонча на плажа: Што прават македонските ѕвезди на Инстаграм?
- Детали
- вторник, 25 мај 2021
„Каков прекрасен крај на совршено патување. Ви благодарам на сите пораки и поддршка и како што кажав и претходно јас веќе се чувствував како победник пред воопшто да дојдам во Ротердам“, се збогуваше Васил Гарванлиев со патувањето наречено Евровизија.
Туна Сејдиу е позната по тоа што сака да прави убави фотосесии, па сега со една таква го покажа лицето на своето новороденче. Таа позираше со постариот син Тиан и со малиот Зен.
Васил Гарванлиев пак со емотивна објава го заокружи патувањето наречено Евровизија, каде за жал не влеговме во финалето.
„Каков прекрасен крај на совршено патување. Ви благодарам на сите пораки и поддршка и како што кажав и претходно јас веќе се чувствував како победник пред воопшто да дојдам во Ротердам.
Постигнав сѐ што си зададов како задача, па дури и повеќе. Убави луѓе. Убава музика. Убави спомени. Ова е само почеток и благодарен сум за ова магично евровизиско патување“, напиша тој и додаде:
„Потребна е само ЕДНА личност да верува во вас за да бидете успешни... Една. Јас сум многу, многу благодарен што имам прекрасно семејство кое е секогаш тука за мене и сум уште поблагодарен што додадов неколку нови членови во него за време на евровизиското патување. Ви благодарам!“
Што прават македонските ѕвезди деновиве?
Туна Сејдиу
Васил Гарванлиев
Лила Филиповска
Стефан од Некст Тајм
https://www.instagram.com/p/CPQa2-8rcE8/
Мартин од Некст Тајм
Aдријан Гаџа
https://www.instagram.com/p/CPL40E8t-li/
Дарко Димитров