Легенди за македонски „опседнати“ куќи: Зелениот замок во Скопје, куќата на германските гробишта во Велес
Опседната куќа во Велес порај германките гробишта
Уште една легенда која сведочи за постоењето на натприродни сили. Велешани раскажуваа за куќата на стравот од која ноќе се слуша плач, врисоци и тешки чекори, иако оваа куќа неколку децении е напуштена.
Трагични приказни се раскажуваат од постарите велешани за проклеството на ќуката, која и ден денеска шири страв и трепет меѓу населението.
неповрзана фотофрафија, извор: depositphotos.com
Според нивните зборови, куќата на духовите била изградена од Германците за време на Втората Светска Војна. Нацистите во неа наводно ги мачеле и убивале своите жртви, па затоа ноќе се слушаат плач, врисоци од болка и тешки војнички чекори.
Оние кои ја преживеале војната велат дека никој не знае каде завршиле телата на убиените, а се претпоставува дека останеле во куќата, па затоа таа е проколната. За да уште повеќе се заледи крвта од оваа куќа на стравот, во нејзина близина се германските гробишта, а таму се закопани многу војници кои го загубиле животот во војната, но на многумина ниту името не им се знае.
Велешани раскажуваат дека ноќе, во глува доба, наводно сè уште може да се чуе војнички марш низ сокаците во близина на куќата и гробиштата, иако војната одамна заврши.
Оние со похрабро срце кои влегле во опседната куќа велат дека атмосферата во неа е тешка, чудна и непријатна. Слушнале плач и врисоци, а од вториот кат се слушале истрели од огнено оружје. И иако било топло, внатре било ледено.
неповрзана фотофрафија, извор: depositphotos.com
Децении по војната, никој нема влезено во оваа страотна куќа, но во раните седумдесетти години од минатиот век, семејство од Австралија ја купило без да знае за морбидното минато.
Нивна идеја била да ја реновираат и да основаат свој дом. Кратко откако почнале градежните работи, почнале да излегуваат на површина и мистериите и трагедиите.
Наводно, кога мајсторите работеле, циглите сами паѓале, греди се откачувале, а еден од нив дури и се самоубил. Останатите мајстори побегнале, а семејството никогаш не го реализирало својот сон да се всели во куќата. Чудно и страшно, како некој или нешто да се обидувал да ги избрка од куќата.
Куќата сè уште постои, но многумина уште веруваат дека некоја мистериозна, натприродна сила живее во неа.
Куќата во Прилеп опседната од загинатите мајстори
Трагична приказна од градот Прилеп, стара повеќе од еден век, но мистеријата сè уште живее меѓу мештаните. Прилепчани ја раскажуваат старата легенда за куќата крај реката која наводно е проколната од мајсторите кои во неа го изгубиле животот.
Легендата вели дека пред повеќе од еден век, богат трговец нарачал убава и голема куќа во близина на реката. Мајсторите вредно и напорно работеле, но, на самиот крај, пред да ја стават последната ќерамида од покривот, без причина и објаснување, куќата се срушила и ги затрупала мајсторите.
Заробените души на трагично загинатите мајстори ја проколнале куќата. Кога луѓето се обиделе да ја реновираат, ќе ставеле шајка или греда, следниот ден мистериозно исчезнувале. Од страв од проклетството на мајсторите, никој повторно не се обидел да ја реновира куќата, па таа останала само една рушевина со мистериозна приказна.
неповрзана фотофрафија, извор: depositphotos.com
Многу приказни, верувања и легенди, вистината не може да се докаже, но постојат сведошта за мистеризни појави и случувања кои шират страв и неверување за моќта на натприродното. Можеби се само уште една од многуте урбани митови и легенди, а можеби се вистински приказни, мистерија која никогаш нема да ја одгатнеме!
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
И. Ј. | Црнобело