„Немаш целулит“ - Снежана Маркоски (40), најпознатата Македонка во Мелбурн, фит и по 3 породувања (фото)
- Детали
- четврток, 06 мај 2021
„Колку и да се трудам не можам да го видам целулитот“, „Ти навистина ама навистина изгледаш добро“, „Дали се шегуваш со нас? Ти си бомба по 3 деца“, се дел од коментарите што ги доби Снежана откако се пожали дека има целулит.
Снежана Маркоски Вуд, најпознатата Македонка во Австралија која се прослави во ријалити шоу, неодамна стана мета на критики откако објави фотки во бело монокини на кои изгледа совршено, а се жали од својот изглед.
На фотографиите таа изгледа одлично, дури и по три породувања, но во описот се пожали дека има целулит на нозете.
По ова, 40-годишната мајка на 3 деца доби коментари од типот: „Колку и да се трудам не можам да го видам целулитот“, „Ти навистина ама навистина изгледаш добро“, „Дали се шегуваш со нас? Ти си бомба по 3 деца“...
Инаку, Снежана има 15-годишна ќерка од претходниот брак и две помали ќерки од бракот со Сем Вуд, кој го запозна во австралиско љубовно ријалити шоу.